Денешните предизвици, развојот на технологијата и брзото навлегување на дигитализацијата во секоја пора од нашето општество може да предизвика безбедносен проблем кога се работи за технологија, некаков вид на далечно работење и се тоа со користење на паметни уреди, компјутери, технологии и разно разни комуникациски алатки за успешно функционирање во општеството. Како резултат на се, ние како долгогодишни експерти во областа на ИТ безбедност (Сајбер Безбедност) и Етичкото хакирање решивме дека е време да помогнемe во подигнувањето на безбедносната свест на сите корисници на технологијата и интернетот, како и на сите чинители на дигитализацијата која постанува дел од сите нас. Ние тоа планираме да го направиме на целосно отворен и транспарентен начин преку текстови и новости за хакерски напади од насекаде низ светот, туторијали за алатки, изјави, интервјуа, искуства и се што е поврзано со ИТ Безбедноста или Сајбер Безбедноста.
Оваа веб страна можат да ја користат сите возрасти но исклучиво само за едукативни и информациски цели.
Сопствениците забрануваат копирање, едитирање или искористување на содржината од страна на трета страна без претходна дозвола од авторот на текстот.
Бидете дел од нас и читајте не секојдневно.
#Be patient and keep safe